„Кажете ѝ дека ние МАКЕДОНЦИТЕ сме доволно свесни за нејзината манипулација и мистификација со поимот ‘уникатен идентитет’ и дека со тоа го негаира МАКЕДОНСКИОТ историски, културен и народен идентитет.
А, тој е присутен во низата на процеси и случувања создадени од м а к е д о н с к и о т н а р о д, во времето и во просторот, во низата на идеи и стремежи на поединци и групи, во низата на успеси и неуспеси во борбата вековна, но карактеристична – м а к е д о н с к а. Кажете ѝ … !“, се вели во објавата на Котлар.
По повод посетата на Македонија, претседателката на ЕК на својот профил на ИКС вчера напиша; „Во ЕУ сме подготвени да ја пречекаме Северна Македонија со нејзиниот уникатен иденитет и со нејзиниот сопствен јазик. Денес имаме 24, а еден ден ќе го вброиме и македонскиот јазик“.