сабота, 27 април 2024

Косово би можело да биде примено во Советот на Европа. Србија: Тоа е срамно и скандалозно

Одборот за политички прашања и демократија на Парламентарното собрание на Советот на Европа денес, со мнозинство гласови, даде позитивно мислење за прием на Косово во Советот на Европа, што Белград веднаш го нарече „скандалозна и срамна одлука“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На состанокот на Одборот во Париз се гласаше за извештајот на грчката претставничка Дора Бакојани, во кој беше препорачано Косово да биде примено во Советот на Европа. За членство на Косово гласале 31 претставник, четворица биле против, а еден бил воздржан.

Шефицата на делегацијата на Србија Билјана Патниќ Пиља изјави дека против гласале двајца претставници на Србија, по еден од БиХ и Црна Гора, а воздржан бил грчки претставник.

Следи процедуралниот чекор барањето на Косово за членство да се разгледа на пленарна седница на Парламентарното собрание на СЕ, која се очекува на 16 април.

Конечниот збор за тоа дали Косово ќе стане член на Советот на Европа ќе го даде Одборот на министри на тоа тело.

Делегацијата на Србија во денешната расправа го истакнала официјалниот став на Белград дека „Косово не е држава туку составен дел од Србија“ и дека на територијата на Косово се кршат човековите права на Србите и се гази по меѓународното право.

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ одлуката ја нарече скандалозна и срамна.

„Одлуката на Политичкиот одбор на ПССЕ е срамна и скандалозна и ги урива сите принципи на кои почива Советот на Европа, бидејќи за прв пат е предложен прием на територија која не е членка на Обединетите нации и не е меѓународно призната“, наведе Дачиќ.

Тој истакна дека одлуката го „загрозува и нарушува“ територијалниот интегритет и суверенитетот на Србија „и претставува уште еден доказ за пропаста и крајот на меѓународното право“.

Српските власти претходно ја најавија можноста, доколку Косово биде примено во Советот на Европа, Србија да истапи од таа организација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ