сабота, 16 ноември 2024
Прес-конференција на СДСМ

Коциќ: Мицкоски ја загрозува истрагата за случајот Онкологија

„Со денешната постапка Христијан Мицкоски се обидува да изврши упад и ја загрозува истрагата за Онкологија. Ако навистина има докази Мицкоски треба да ги поднесе до надлежно Јавното обвинителство. Од каде знае Мицкоски дека овие информации веќе не се дел од истрагата? Јавно објавување значи директно загрозување на истрагата за Онкологија. Прикривање докази исто така е кривично дело“, изјави Ненад Коциќ на прес-конференција во СДСМ како реакција на прес-конференцијата на Мицкоски на која изнесе тврдења за скандалот што ја тресе Клиниката за онкологија.

Објавено на

часот

Сподели

„Очигледно Мицкоски свесно ја загрозува истрагата за Онкологија и прашање е која е неговата цел, дали сака да ја попречи правдата. Очекуваме реакции од надлежните институции за овој чекор на Мицкоски. Одговорност за сите инволвирани во случајот на клиниката за онкологија ќе има без пардон, независно од политичката или етничка припадност.

После 20 години, гласини и индиции во голем број на сектори, а особено во здравствениот сектор, за прв пат во време на СДСМ институции влегоа и направија акција за расчистување. Одговорност ќе има за сите“, рече Коциќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ