четврток, 26 септември 2024
Рајко Пеколски

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Климатска басна

Сите орно да ја браниме климата

супер богатите да не ги фати зимата

оти на Џеф или Бил ако им е жешко ил им студи

либерал-демократијата на сите ќе ни суди!

Во ова време на слобода и човекови права

најважно е да се скрие кој кого јава –

в ред е да си бездомник и да немаш за леб

додека Џеј Пи Морган ти пика рака в џеб

на банките и алгоритмите да им продадеш душа

важно има слобода на говорот – никој не те слуша

ете тоа е е врвното човеково право

и секако климатските промени да се сфатат здраво:

битно е да рециклираш и немој да се бламираш

еднаш неделно само има да се тушираш

за да има Илон вода за тесли и ракети

и да врви неолибералниот панаѓур на суети!

И немој ни да си помислил на најлон кеси

за тоа климатскиот ен-џи-о коле и беси

диши на шкрги и совесно вегетирај

по улици само со точак и ѓубре збирај

диши совесно – воздух штеди

и не окупирај простор повеќе од две-три педи

за да има место за приватните јахти и авиони

оти греота е, ако неолибералниот капитал нема кај да се склони!

 

Заборави балканчино проста на ракија и скара

оти климатскиот активизам за тоа ќе ти се кара

од лабораторија има месо да кркаш

и помија место гравче ќе сркаш

оти планетата мора итно да се спаси

зашто мејнстрим зелениот активизам се гнаси

од несовесни луѓе што ете гладни и жедни

се дрзнале да постојат со потреби бедни

насекаде прават ѓубре на кое му нема крај

и го гнасат неолибералниот зелен рај!

Политички коректно е да се нема што да се јаде

и капиталот снагата и лебот легално да ги краде

неспорно е правото да се фрлаат бомби врз житото

важно е никој да не ги оспори боите на виножитото!

 

Да го славиме и поддржиме затоа новиот зелен ред –

Зелена е природата, но уште позелен е доларот свет:

зелена е индустријата за ракети и проектили

поддржана од зелени активистички имбецили

зелена е војната во име на демократија и човекови права

милијарди се молзат од таа зелена крава

додека милиони по милиони умираат тукутака

но со зелената агенда тоа оди рака под рака

од сиромаштија или од проектил насочен кон демократски цели

во Газа старозаветна правда што дели —

за тоа политички некоректно било збор да се рече

оти капиталот бара крв и нафта за да тече!

Рајко Пеколски

 

КОЛУМНИ

Мурат Алиу

Национализмот како неизлечива балканска болест

Стефан Вељановски

Како да се подобри трговската структура на Македонија

Ристо Цицонков

Термоелектрани на јаглен, до кога?

Стефан Митиќ

Зошто САД се плашат од ТикТок?

Рајко Пеколски

Одложено дејство

Драган Даниловски

Oд јавно-здравствен аспект, седиме на „буре барут“!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ