вторник, 2 јули 2024

Кинезите собрале американски сонари за детектирање подморници, Американците загрижени (ВИДЕО)

Патролен авион на американската морнарица П-8А Посејдон неодамна поставил хидроакустични сонари во Јужно Кинеско Море. Овие сонари, дизајнирани за откривање подморници, наводно паднале во рацете на Кина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Кинеското запленување на овие сонди, софистицирани акустични системи кои детектираат подводна активност, предизвикала значителна загриженост кај Американците поради обратниот инженеринг.

Кинеската одбранбена индустрија е позната по реплицирањето на американската технологија.

На снимката постирана од Џуџијан Тантијан, профил на социјалните мрежи поврзан со државната кинеска телевизија, се гледа како П-8А на американската морнарица испушта повеќе цилиндрични уреди во морето.

Оваа област кај спорните острови Спратли е во центарот на жесток територијален спор меѓу Кина и Филипините и беше местото на насилниот судир меѓу нивните сили минатата недела.

„По инцидентот кинеската крајбрежна стража веднаш стигна на местото на настанот за да ги преземе и прегледа неидентификуваните електронски предмети“, се наведува.

На снимката се гледаат и ознаките на батериите на електронските уреди, а како произведувач е наведен Ултра електроникс.

Ултра електроникс е одбранбен произведувач со седиште во Британија специјализиран за производство на радари и уреди за електронско војување, вклучувајќи подводни сонди и филтри за електромагнетно попречување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ