„Злосторство e нападoт врз болница во Газа од страна на државата Израел, во кој загинаа над 500 луѓе, меѓу кои и деца, жени и постари лица.
Изразуваме осуда и бараме итно меѓународна истрага, бидејќи станував збор за чист геноцид!“, напиша Касами на Фејсбук.
И Алтернатива, дел од албанската опозиција во која се и Беса и Демократско движење, изрази осуда за нападот врз болницата и побара од цивилизираниот свет да ги запре одмаздничките акции на Израел во кои гинат цивили.
Инаку, движењето Хамас директно го обвини Израел за нападот врз болницата со тврдење дека се загинати над илјада лица, Израел пак тврди дека станува збор за ракета истрелана од Хамас врз израелска теротирија, но која паднала врз болницата. Лекари од болницата соопштија дека се загинати околу 500 лица.