Државјанин на Канада што непосредно пред американската граница сфатил дека го заборавил својот пасош нашол нов начин да влезе – со помош на својот ајпад.
Мартин Рајх изјави дека во вторникот малку изнервиран граничен службеник на САД го пуштил да ја помине американската граница откако му покажал скенирана копија од неговиот пасош на својот епл ајпад. Рајх бил на половина час од американската граница кога решил да се обиде да влезе, наместо 2 часа да се враќа назад до Монтреал за да го земе пасошот.
Тој на службеникот му кажал дека оди во САД да им однесе подароци за Нова година на децата на своите пријатели. Тој вели дека вистината, скенираниот пасош и возачката дозвола му заштедиле губење време.
„Сметам дека во иднина целиот идентитет ќе го чуваме во дигиталните уреди – тоа е само прашање на време. Нема да ни биде потребен никаков друг документ“, изјави Мартин.