„Во текот на изминатата недела немавме разговори конкретно за Изборниот законик, но доколку има ние сме подготвени да разговараме. Подготвени сме да разговараме за сите теми и имаме принципиелни ставови и врз основа на тие ставови ќе разговараме и ќе донесеме одлуки кои се во интерес на граѓаните“, рече Каевски.
Околку одржувањето на претседателските и парламентарните избори, Каевски потенцира дека нивната партија останува на ставот дека најпрвин ќе бидат одржани претседателските избори во редовниот термин па потоа редовните парламентарни избори.
„Во делот на одржувањето на претседателските и парламентарните избори, многу често го кажуваме нашиот принципиелен конзистентен став дека прво ќе бидат редовните претседателски избори, а потоа редовни парламентарни избори. Секако дека сме отворени за разговарање за точниот датум. Очекуваме да има работни групи во Собранието, каде опозицијата ќе номинира свои членови, и ќе го утврдиме точниот датум одржување на изборите“, рече Каевски.