сабота, 16 ноември 2024
Лидерот на ГРОМ во интервју

Јакимовски можеби ќе трча за претседател, а вели и Бугарин да е шеф на Македонија нема да влеземе во ЕУ

Лидерот на ГРОМ и градоначалник на Карпош вели дека размислува да се кандидира за претседател на Македонија, бидејќи има поддршка од граѓаните, и нагласува дека за таа функција е потребен човек со долгогодишно политичко искуство. Во однос на политиката на ЕУ  на Бугарија кон Македонија, Јакимовски вели дека Македонија дури и Бугарин да донесе за да ја извршува функцијата претседател на државата, земјава нема да влезе во Европската Унија.. 

Објавено на

часот

Сподели

„Размислува да се кандидирам за претседател. Да се биде на одредена функција треба да се има многу искуство. Политичкото искуство е многу битно, а ние немаме политичар кој има доволно долго политичко искуство за една таква позиција. Во Хрватска сите претседатели биле избирани според големото политичко искуство“, рече Јакимовски во интервју за Телевизија 24.

Него го колеба прашањето дали ќе има промена на изборниот модел, цензусот, во финансирање и собирањето на потписи. Тој вели дека досега не разговарал со политички фактори, но од граѓаните добива поддршка за претседателска кандидатура.

За оние кои пропагираат претседател да се избира во Собранието, а не на непосредни избори, вели дека прават калкулации да се избира претседател Албанец. 

„Јас се залагам за претседателски систем. Мислам дека претседателот треба да има повеќе и поголеми ингеренции“, вели Јакимовски и додава дека факт е дека Владата слабо се снајде во времето на ковид-кризата.

Претседателот, додава, треба да има поголемо влијание и во судската власт оти него го бираат сите граѓани. Тоа е и причината што треба да биде неутрален, но и да има повеќе ингеренции и подолг мандат.

Според Стевчо Јакимовски, политичка одлука е Балканот да се држи под мраз поради француско-германскиот тивок судир, а од друга страна имаме провблем, како што рече, што ни го подметнуваат наметнатото решение со Бугарија.

„Ние и бугарскиот претседател да го ставиме за наш претседател пак нема да не пуштат во ЕУ, иако Македонија е подобра држава од Бугарија“, рече Јакимовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ