сабота, 16 ноември 2024

Извесен е 8 мај како датум за претседателските и парламентарни избори, Ковачевски прифатил

Извесно е дека  8 мај ќе биде денот за двојни избори, премиерот Димитар Ковачевски, според денешната изјава, прифатил изборите да не се одржат одвоено, односно, напомена дека избори ќе има во мај. Ваквиот став на Ковачевски го поздрави ВМРО-ДПМНЕ: И премиер Албанец е извесно дека ќе има бидејќи „СДСМ и ДУИ имаат коалициски договор од 2020 година“, како што рече Ковачевски.

Објавено на

часот

Сподели

„Сметам дека постои доволно простор во мај да се организираат изборите, во нивниот редовен термин, а за финалните ставови на политичките партии ќе информираме тогаш кога ќе се постигне поширок консензус во рамките на парламентот“, рече денеска Ковачевски.

Инаку, според роковникот за двата изборни процеси, се чини дека единствениот можен датум е токму 8 мај. Првиот круг на претседателските избори би се одржал на 24 април, а вториот, заедно со парламентарните, на 8 мај. 

На 27 февруари в година, како што веќе најави претседателот на Собранието, ќе ги распише претседателските избори. А тоа ќе значи од април земјава да влезе во предизборен период.

Ваквиот став на премиерот го поздравија од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е чекорот што го баравме и очекувавме, бидејќи споени избори се единствен логичен расплет на настаните и ќе се избере грч на стопанството и нема дополнително да се оптоварат граѓаните со евентуално одделени избори“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

За Алијанса за Албанците која најавува самостоен изборен настап, Ковачевски вели дека кога се прават коалиции, важно е да се споделуваат заеднички вредности, а според него, таа партија има такви програмски определби.

„СДСМ и ДУИ имаат јасен коалициски договор, а Алијанса за Албанците има капацитет да разговара за економски просперитетна држава и општество со социјална правда и демократија на највисоко ниво, со слобода на медиумите и владеење на правото, кои се основи за градење на широкиот коалициски фронт“, рече премиерот.

Ако е јасен договорот со ДУИ, како што рече Ковачевски, тогаш е извесно дека во последните 100 дена од овој мандат на Владата, премиер ќе биде Албанец.

„Сите детали и кадровски решенија кои ќе следуваат, ќе бидат споделувани со јавноста како што ќе се носат од официјалните органи на партиите“, истакна Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на ИКТ Центарот за чување и заштита на податоци во Прилеп.

Тоа го потврдува потпретседателот на ДУИ, министерот Бујар Османи.

„Премиер предложен од ДУИ во последните 100 дена ќе има. Ова е дел од договорот и нема простор за преговори. Не сме стигнале до таа фаза да разговараме како ќе бидат изборите во насока ќе бидат, со какви коалиции и слично и со кои кандидати“, вели Османи. 

                                                                             П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ