Телевизискиот водител Одед Бен Ами го изјави ова на итен состанок одржан во Ерусалим, кој го свикал опозицискиот лидер и поранешен новинар Јаир Лапид, пренесува Тајмс оф Израел. Тој потсети на одлуката на владата за затворање на угледната јавна радиотелевизија Кан.
Поради написите на уредниците влада го бојкотира и левичарскиот либерален весник Хаарец.
„Таму каде што во новинарите се покажува со прст поради политичките ставови, обично следат апсења“, кажал на состанокот новинарот Мерав Бетито од водечкиот израелски весник Једиот ахронот.
Притоа тој ја посочил листата со имиња која ја поделиле десничарски активисти на која има новинари на Кан оценети врз основа на нивните политички ставови.
Европската радиодифузиска унија (ЕБУ) предупреди на затворањето на Кан, имајќи предвид дека е еден од емитерите кои учествуваат на натпреварот за песна на Евровизија.
„Јавното емитување во Израел е под постојани политички напади и се соочува со закани кои, не само што ја загрозуваат неговата независност, туку и постоењето во иднина“, кажа главниот директор на ЕБУ Ноел Куран.