понеделник, 1 јули 2024

Израелци со булдожери влегле во село на Западен брег и уривале куќи на Палестинци (ВИДЕО)

Израелски војници уништиле 11 објекти во изолирана заедница на окупираниот Западен брег, оставајќи 50 луѓе брз покрив над глава. Ова се случува среде извештаи за пораст на уривање на куќите и пораст на насилството врз Палестинците.

Принтскрин: Икс

Објавено на

часот

Сподели

Работници со булдожери пристигнале во придружба на војници на Израелските одбранбени сили (ИДФ) во Ум ал Кеир, село во кое главно живеат овчари. Урнале шест куќи, шатори, генератор за електрична енергија, соларни панели и резервоари за вода, истакнуваат израелски активисти и локални жители.

Уништени се и земјоделски површини и огради. Уништена е третина од инфраструктурата на селото. „Со години се боревме на израелски судови против ова бидејќи селото е под закана од уривање“, кажал локален жител за Франс прес.

„Овој пат дојдоа без да се најават кај нашиот адвокат. Немаме време да си ги собереме работите. Поставивме неколку шатори за децата да се во сенка. Но се плашиме дека војниците ќе се вратат и ќе ги земат и нив бидејќи велат дека се поставена нелегално“, додал тој.

Масафер Јата, збир од палестински села вклучувајќи го Ум ал Кеир, се наоѓа во областа Ц, ретко населен дел на Западен брег. Палестинската инфраструктура во таа област често се урива врз основа на тоа што жителите немаат градежни дозволи, кои е речиси невозможно да се добијат, додека нелегалните израелски населби се шират.

Експерти на ОН порачуваат дека ваквите уривања може да се сметаат за воени злосторства.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ