сабота, 16 ноември 2024

Изгласан новиот Деловник, Џафери рече дека собранискиот систем е оштетен, ќе работат во „Купола“

Тензичната собраниска атмосфера и инцидентите во кои двајцата пратеници на Левица Борислав Крмов и Димитар Апасиев бурно реагираа и ги расфрлаа своите над 2 илјади неприфатени амандмани, a oд земја удрија два монитори и дел од друга опрема, новиот Деловник на парламентот беше изгласан од 83 пратеници, никој не беше воздржан, а против беа само Апасиев и Крмов. 

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на Собранието, Талат Џафери потоа рече дека на денешната седница е направена материјална штета и е онеспособен системот за работа во пленарната сала. 

„Седниците на Собранието до отстранување на штетите ќе се одвиваат во салата Купола“, рече Џафери.

Инаку, вечерва изгласаниот Деловник ќе се применува од следниот парламентарен состав, што значи дека актуелните пратеници ќе се раководат со сега веќе стариот Деловник.

Новиот Деловник е резултат на неколкугодишни разговори меѓу пратениците од овој и минатиот парламентарен состав во рамки на „Жан Моне“ процесот.  

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ