недела, 17 ноември 2024

ИВЗ ги осуди актите на насилство на Блискиот Исток и ги повика влијателните држави да ја запрат војната

Исламската верска заедница во Македонија (ИВЗ) реагира по последните вести од Блискиот Исток за напади врз болници и училишта во Појасот Газа и тврдењата за стотици загинати цивили, деца и пациенти и изразува длабока загриженост поради конфликтот меѓу Израелците и Палестинците. ИВЗ повикува на дијалог за решавање на конфликтот и ангажман на влијателните држави за да ја запрат војната и да обезбедат перспектива за Палестинците и Израелците.

Објавено на

часот

Сподели

Во реакцијата на ИВЗ се вели:

„Тоа што го видовме досега е дека ескалацијата на безбедносната ситуација прерасна во сериозен конфликт и однесе многу животи на двете страни.

ИВЗ најостро ги осудува актите на насилство, бидејќи насилството не носи никакво решение, туку само ја продлабочува поделеноста и конфликтот, само се зголемува, а се зголемува и бројот на жртви.

ИВЗ е решена да ги имплементира исламските верски норми, нормите кои се прифатени од целиот муслимански свет, овие курански норми ги дефинираа мирот, толеранцијата и разбирањето како возвишени вредности на муслиманските народи.

Ние, како ИВЗ, имајќи ги предвид исламските насоки и нормите за мир, комуникација и дијалог, бараме борбите што поскоро да се прекинат и веднаш да се овозможи мир, а во исто време да се создадат услови за решавање на ова проблем кој трае со децении. Ние како ИВЗ сме убедени дека разговорите и дијалогот се единственото решение и силно веруваме дека праведно решение ќе се постигне преку конструктивен дијалог.

Ние, како ИВЗ во РСМ, апелираме до сите релевантни меѓународни фактори, да ги зголемат напорите и да влијаат врз овие две земји за да се запре тажниот конфликт во кој гинат деца, стари и невини луѓе. Сметаме и дека овие случувања ќе го дестабилизираат регионот и ќе создадат уште повеќе проблеми.

Затоа, нема алтернатива прекинот на конфликтот со цел да се донесе траен и праведен мир, да запрат судирити и да се создаде здрава перспектива за двете страни“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ