Ивановски заедно со својот партнер, Олександр Овчаренко го освоија турнирот во двојки откако во финалето со 2-1 во сетови беа подобри од Андреј Шепелев и Микалај Халиак со 2-1 во сетови.
Македонскиот тенисер и неговиот украински колега го загубија првиот сет со 3-6, но во вториот беа подобри во тајбрејк со 7-5, по што се играше решавачка рунда во која Ивановски и Овчаренко беа подобри со 10-5 и дојдоа до титулата.
Македонецот ќе може да ги обедини титулите во Куршумлиска Бања доколку утре победи и во финалето во сингл конкуренција каде игра против Французинот, Клемен Табур.