среда, 4 декември 2024

Руски генерал: Ја подготвуваме „сатана 2“ за борбена готовност

Во тек е процесот за воведување на најновиот ракетен систем „сармат“ во борбена готовност, изјави командантот на Стратешките ракетни сили на Русија, генерал-полковник Сергеј Каракаев.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Од денеска, во Стратешките ракетни сили воведени се системите од петта генерација „јарс“ и „авангард“. Работите на воведувањето на најновиот систем „сармат“, опремен со супертешка ракета на течно гориво, во борбена готовност продолжуваат“, истакна Каракаев во напис за истражувачко-аналитичкото списание на Министерството за одбрана на Русија.

„РС-28 сармат“ е интерконтинентална балистичка ракета (ИЦБМ) развиена од Русија за да го замени советскиот Р-36М, познат под НАТО ознаката „сатана“. Тој назив потекнува од можностите на стариот систем, а новиот „сармат“, кој често се нарекува „сатана 2“, дополнително ги проширува тие способности. Ракетата има дострел до 18.000 километри и способност да носи до 10 тешки или 15 полесни боеви глави, вклучувајќи ги и хиперсоничните системи „авангард“, е наведено.

Рускиот претседател Владимир Путин го претстави „сармат“ како едно од клучните стратешки оружја за време на говорот на 1 март 2018 година, нагласувајќи ја неговата способност да ги заобиколи противракетните системи и да напаѓа цели насекаде во светот.

Сармат е дизајниран да се лансира од подземни силоси, што обезбедува дополнителна заштита и можност за брз одговор во случај на криза. Тоа е еден од најнапредните ракетни системи во рускиот арсенал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ