Македонскиот тенисер имаше олеснета задача во првото коло против српскиот квалификант Матија Жугиќ (без ранкинг на АТП), бидејќи се повреди и го предаде мечот по еден комплетен сет.
Ивановски го доби првиот сет со 6-3, а во вториот, Жугиќ почна да сервира и по неколку одиграни поени се предаде поради повреда. Во второто коло, Иванвски ќе оди на посериозен опонент, 24-годишниот Микалај Хаљак од Русија, кој во моментов го држи 835. место во светот.
Македонскиот тенисер ќе има шанса уште денеска да ги почувствува силите на Хаљак, бидејќи ќе се соочи со него во двојки. Заедно со Мили Пољичак од Хрватска, Ивановски ќе имаат улога на трети носители и фаворити против Хаљак и Гомез од Франција.