среда, 4 декември 2024

Вардар поразен од Гостивар, Шкендија го доби дербито со Шкупи

Вардар на свој терен загуби од Гостивар со 2-0, со истиот резултат Шкендија го совлада Шкупи, а Силекс со убедливи 4-1 ја победи Воска и поради подобрата гол разлика е нов лидер на табелата.

Објавено на

часот

Сподели

Трите водечки екипи остварија нови победи, а гол разликата го истакнува Силекс како нов лидер.

Гостивар на „Градски“ против Вардар поведе со прекрасен гол на Диата во 63. минута, Ивановски пред самиот крај ги постави конечните 2-0 за гостите.

Шкендија со голови на Шала во првото и Ибраими во второто полувреме дојде до триумф од 2-0 над Шкупи.

Силекс поведе со гол на Додев во првото полувреме, а по половина час игра црвен картон доби Џеков.

Но и покрај тоа кратовскиот тим славеше убедлива победа. Игњатов, Алиќ и Донов дадоа голови во вториот дел за триумф од 4-1.

Работнички со два гола на Мазари во првиот дел го совлада Тиквеш во Кавадарци со 2-0.

Струга со гол на Кехинде беше подобра од Пелистер со 1-0.

Минимална но многу важна победа оствари и Брера која со 1-0 славеше на гостувањето кај Беса. Мато го даде единствениот гол.

Резултати 16. коло:
Вардар – Гостивар 0-2
Шкендија – Шкупи 2-0
Силекс – Воска 4-1
Тиквеш – Работнички 0-2
Струга – Пелистер 1-0
Беса – Брера 0-1

Табела: Силекс 33, Шкендија 33, Гостивар 33, Работнички 31, Струга 29, Брера 19, Шкупи 16, Пелистер 16, Беса 13, Вардар 12, Воска 12, Тиквеш 10.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ