четврток, 5 декември 2024

Иран ќе реагира ако се врати американскиот носач на авиони

Објавено на

часот

Сподели

Техеран (Ројтерс) – Иран ќе реагира доколку американскиот носач на авиони, кој го напушти регионот поради иранските поморски вежби, се врати во Заливот, изјавил шефот на армијата Атола Салехи за иранската државна новинска агенција.

„Иран нема да ги повторува своите предупредувања… непријателскиот носач се премести во Оманско Море поради нашите вежби. Препорачувам и нагласувам американскиот носач да не се враќа во Персискиот залив“, изјавил во вторникот Салехи за ИРНА.

„Ги советувам, им препорачувам и ги предупредувам (Американците) да не го враќаат својот носач во Персискиот залив бидејќи ние немаме обичај да предупредуваме повеќе од еднаш“, го цитира Салехи полуофицијалната новинска агенција Фарс.

Салехи не го кажа името на носачот ниту пак даде детали што би направил Иран кога тој би се вратил.

Иран во понеделникот ги заврши десетдневните поморски вежби во Персискиот залив и се закани дека доколку силите од Западот наметнат санкции врз нивниот извоз на сурова нафта, тоа може да го блокира Хормушкиот теснец, низ кој минуваат 40% од светската тргувана нафта.

Претставници на американската Петта флота, вкотвена во Бахреин, изјавија дека нема да дозволат протекот на бродови во Теснецот да биде прекинат.

Иран во понеделникот ги заврши десетдневните поморски вежби во Персискиот залив и се закани дека доколку силите од Западот наметнат санкции врз нивниот извоз на сурова нафта, тоа може да го блокира Хормушкиот теснец, низ кој минуваат 40% од светската тргувана нафта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ