вторник, 2 јули 2024

Илјадници на улиците на Израел, бараат нови избори и враќање на заложниците (ВИДЕО)

Илјадници луѓе синоќа излегоа на улиците во градовите во Израел барајќи ослободување на заложниците кои ги држи Хамас и нови избори. На најголемиот собир во Тел Авив, Ноа, Аргамани, заложничка ослободена пред три недели, испрати видеопорака.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Иако сум дома, не смееме да ги заборавиме заложниците кои Хамас сè уште ги држи во заробеништво. И мораме да направиме сè што е можно за да ги вратиме дома“, порача таа.

Аргамани и уште тројца заложници биле ослободени за време на израелската воена операција во Појасот Газа.

Слични протести со кои се бара ослободување на заложниците и пад на владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху беа одржани и во Ерусалим, Хаифа, Бершеба и пред вилата на Нетанјаху во Цезареа, јавуваат израелските медиуми.

Демонстрантите во Тел Авив извикувале „Избори веднаш!“. Роднините држеле плакати и натписи со фотографии на исчезнатите членови на семејствата. Бројот на учесниците на саботните протести во последно време значително пораснал и тие тврдат дека израелскиот премиер не се труди доволно да постигне договор за заложниците со палестински Хамас.

Пензионираниот воен генерал Ноам Тибон на протестот во Тел Авив кажал дека Нетанјаху „цинично го саботира секој договор, иако знае дека заложниците во тунелите во Газа се мачени и убивани“.

Хамас упадна во јужен Израел на 7 октомври минатата година, убивајќи повеќе од илјада луѓе и земајќи околу 250 заложници во Газа.

Израел одговори со окупација на палестинската територија и голема воена операција во која се убиени речиси 38 илјади луѓе, а повеќе од 86 илјади се повредени, главно цивили.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ