недела, 7 јули 2024

Хезболах започна одмазднички напад: Истрелавме повеќе од 200 ракети кон Израел

Милитантната група Хезболах објави дека истрелала повеќе од 200 ракети врз Израел во еден од најголемите напади до сега. Групата поддржана од Иран објави дека извршила напад врз 10 израелски воени локации користејќи „ескадрила беспилотни летала“, пренесува Скај њуз.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Израелската војска соопшти дека „многубројни ракети и сомнителни воздушни цели“ влегле на нејзина територија, од кои многу биле пресретнати. Израелската служба за итни случаи соопшти дека нема пријавени жртви. Денешниот напад се верува дека е одмазда за убиството на еден од високите команданти на Хезболах.

Израелската војска вчера соопшти дека во вторникот го убила Мохамед Нааме Насер, кој бил началник на една од трите регионални дивизии на Хезболах во јужен Либан. Насер беше убиен во воздушен напад во близина на крајбрежниот град Тир во јужен Либан.

Тензиите на границата меѓу Израел и Либан ескалираа во последните неколку дена. Соединетите Американски Држави и Франција вложуваат огромни напори за да спречат конфликтот да ескалира во сеопфатна војна која може да се прелее на целиот регион.

Тензиите меѓу Израел и Либан избувнаа веднаш по започнувањето на војната во Газа. Хезболах вели дека го напаѓа Израел во знак на солидарност со Хамас, уште еден сојузник на Иран. Десетици илјади луѓе од двете страни на границата се раселени поради борбите.

Во северниот дел на Израел загинаа 16 војници и 11 цивили. Во Либан загинаа повеќе од 450 лица, главно борци, но и цивили. Денешниот напад започна во време кога израелската влада разговара за договор за етапен прекин на огнот во Газа.

Соединетите Американски Држави стојат зад планот со кој се бара Хамас да ги ослободи сите заложници во замена за траен прекин на огнот и повлекување на израелските сили од Газа. Сепак, досега се чини дека ниту една од страните не го прифати целосно планот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ