Хасани продолжи со прашања до Владата, истакнувајќи дека најголемиот проблем за полноправно членство во ЕУ се наоѓа токму во зградата на Владата, пред која, како што ојбасјни, затоа одржуваат прес-конференција.
„Затоа, денес ја користиме приликата да ги поставиме следните прашања: Дали и кажавте на г-ѓа Фон дер Лаен за авантурата за враќање на Груевски? И објаснивте ли дека главната лажна надеж за ЕУ стана политичарот кој најмногу ја оддалечи земјата од ЕУ додека беше премиер? Дали и објаснивте дека всушност ДУИ се откажа од уставните измени? Дали и кажавте дека единствениот фокус на ДУИ е преку враќањето на Груевски да се обиде да обезбеди пазар со ВМРО-ДПМНЕ каде на маса ги става и пратениците на СДСМ? Дали дозна г-ѓа Фон дер Лајен дека ДУИ бара концентрациона Влада после парламентарните избори за да го зачува нелегално стекнатиот капитал?, праша Хасани и рече дека албанскиот опозициски фронт – Демократско движење, Алтернатива и Движење Беса.ја поздравуваат посетата на претседателката на Европската комисија, дер Лаен која, нагласи, ги вложува сите напори за забрзување на целосната интеграција на Македонија во ЕУ..
„Со особено внимание ги слушнавме нејзините пораки за неопходноста од коренити внатрешни реформи во сите сфери, со фокус на справување со високата корупција. Во целина ги делиме нејзините препораки. Впрочем, тоа се и нашите заложби кои ги повторуваме во континуитет и за кои нудиме ефикасни решенија и политики“, рече тој.
Албанците, рече Хасани, ќе ја казнат ДУИ на изборите бидејќи нема да ѝ простат за кокетирањето со Груевски и ВМРО-ДПМНЕ:
Тој нагласи дека измените на Кривичниот законик овозможија амнестија за многу поранешни функционери преку злоупотреба на ЕУ знаменцето, што е, како што додаде, најдобра потврда дека ДУИ ги злоупотребува европските интеграции како параван за остварување на лични бизнис и тесно партиски интереси.