Во изјавата за медиуми пред почетокот на работилницата „Институции за граѓаните“, Грковска рече дека ги поздрави новинарските истражувања за Лотарија.
„Истражувачкото новинарство е еден од клучните фактори во борбата против корупцијата и организиран криминал и јас ги поздравувам сите новинари коишто со својот ангажман придонесуваат во таа насока“, рече вицепремиерката.
Во врска со наводите дека во Министерството за политички систем има вработени кои поседуваат ивеб-медиуми преку кои се промовираат партиски интереси, таа одговори дека смета оти тоа е неприфатливо, но дека за тоа не разговарала со првиот вицепремиер Артан Груби кој е на чело на таа институција.
„Сметам дека е апсолутно неприфатливо институциите да поседуваат веб-сајтови коишто ќе бидат во функција на политичка партија или да имаат каква било друга политичка конотација“, одговори вицепремиерката.