Агенцијата Фич рејтинг предупреди дека финансиските проблеми на Грција ќе ја влошат кризата во еврозоната доколку таа не постигне договор за намалување на долгот со кредиторите.
„Грција сè уште има потенцијал да ја турне Европа во криза. Времето истекува“, велат од агенцијата.
Грција со приватните кредитори преговара за доброволно намалување на долгот за 50 отсто. Станува збор за долг врз основа на обврзници во вредност од 14 милијарди евра што доспеваат веќе во март.
Европската централна банка одбива да отпише 45 милијарди евра грчки обврзници. Тоа значи дека од приватните кредитори се бара да преземат поголем дел од загубите за да дојде до договор за намалување на грчкиот долг.
Буџетскиот дефицит на Грција за 2011 година ќе биде за половина процент поголем (9,6 отсто) од проектираниот, изјави Михалис Хрисохоидис, грчкиот министер за развој.
Тој изјави дека зголеменото користење на парите од фондовите за структурен развој на ЕУ придонесе дефицитот за 2011 да падне од 10,6 отсто на бруто-домашниот производ во 2010 година.
Сепак, тоа не е доволно за падот на буџетскиот дефицит на Грција на проектираните 9 отсто од за 2011.
Опстанокот на Грција зависи од милијардите евра спасувачки заеми од европските партнери и ММФ.