четврток, 4 јули 2024

Гори во Грција: Пожари на островите Крит, Кос и Хиос (ФОТО/ВИДЕО)

Сѐ уште горат трите пожари што избувнаа на грчките острови Крит, Кос и Хиос, иако пожарникарите делумно успеаја да ги локализираат.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Пожар избувна на островот Кос во понеделникот и излезе од контрола бидејќи силните ветрови го проширија кон Кардамаина, популарно туристичко одморалиште на источниот брег на островот, пренесува Екатимерини.

За време на гаснењето полесно се повредени пет пожарникари, околу 10.000 туристи и жители се евакуирани од областа и сместени во училишта, спортски стадиони и хотели во Антимакија, Мастичари и Мармари.

Пожарникари и камиони беа испратени и од Атина и Родос за да им помогнат на локалните сили да го стават пожарот под контрола.

На Хиос, пак, избувна пожар во областа Сидирунди, која се наоѓа на северозапад од островот и е позната по прекрасната средновековна населба, која, за среќа, не е оштетена.

Дополнителни противпожарни сили беа испратени од Лезбос и Атина за да им помогнат на напорите на локалните служби, така што до утринава пожарот беше ограничен на шумскиот дел од островот и пренасочен од станбените области.

Во меѓувреме полесно се повредени пет пожарникари. Надлежните уапсиле 63-годишен маж кој ненамерно го предизвикал пожарот и е казнет со речиси 9.000 евра, против него ќе биде поднесена кривична пријава за подметнување пожар.

Третиот шумски пожар беше на Крит, особено во Вианос, на јужното крајбрежје на Ираклион и сѐ уште беснее. Локалните власти на островот превентивно го евакуираа селото Катофиги, додека помош во гаснењето на пожарот беше испратена од другите делови на островот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ