среда, 26 јуни 2024

Фудбалскиот сојуз на Косово побара од УЕФА казна за Србија

Од Фудбалската федерација на Косово попладнево брифираа дека доставиле жалба до УЕФА и бараат санкција за Србија.

Објавено на

часот

Сподели

На синоќешниот натпревар помеѓу Англија и Србија, косовскиот новинар Арлинду Садику покажа двоглав орел во правец на трибините каде беа сместени спрските навивачи, па Фудбалската федерација на Србија испрати протесна нота до УЕФА. и побара одземање на неговата акредитација.

Откако Европската куќа на фудбалот отвори истрага, од таборот на Фудбалската федерација на Косово го возвратија ударот и доставија жалба.

„Фудбалската федерација на Косово ја известува јавноста дека официјално реагираше кај УЕФА поради прикажување на знамиња, слогани, шовинистички и расистички пораки од српските навивачи“ – се вели во известувањето.

„Неразумно и апсурдно е да се прикажуваат такви пораки на голем настан како Европското првенство“.

„ФФК испрати жалба со неопходните докази и бара превземање дисциплински мерки против Фудбалската федерација на Србија“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ