Подморницата УФА-490 била забележана во четвртокот на 148 километри западно од ртот Калавите, на островот Миндоро, според тврдењата на филипинската војска.
„Секој упад во нашето Западно Филипнско Море, нашата ексклузивна економска зона и нашите основни линии е многу загрижувачки“, им кажа Маркос на новинарите.
Филипинската војска испратила авион и брод за да ја проверат подморницата, чиј екипаж кажал дека чека добри временски услови за да се врати во Владивосток во Русија.
Портпаролот на филипинската морнарица за Јужно Кинеско Море Рој Винсент Тринидад кажа дека ситуацијата не е алармантна.
„Сепак сме изненадени бидејќи тоа е навистина единствена подморница“, кажа портпаролот.
Подморницата УФА, која последен пат била видена во филипинските води во неделата, е долга 74 метри и може да испукува ракети калибр-ПЛ со дострел до 12.000 километри.
Руската амбасада во Манила и филипинското министерство за надворешни работи не ја коментираа веста.