„ЕУ кампањата нема да се совпадне со изборите, ниту некако ќе ги прекрши законските прописи“, рече премиерот.
„Нашата држава го почна скринигнот, успешно го води и успешно ќе го заврши. Се наоѓаме пред носење одлука во Собранието која ќе значи продолжување на евроинтеграцискиот пат. Кампањата е предложена и организирана според сите законски прописи и според сите постапки предвидени во Законот за јавни нанавки и воопшто нема да се совпадне со изборите. Нема да се работи за никаква, како што велите, злоупотреба на кампањата за парламентарните и претседателските избори со оглед дека имаме многу јасно законодавство кое кажува што може, а што не може да се комуницра во изборна кампања. Се работи за информативна кампања која ќе го објасни процесот на европски интеграции, ќе ги објасни придобивките од овој процес во однос на зголемувањето на животниот стандард, унапредувањето на институциите и во однос на вклучување на граѓаните, невладиниот сектор и институциите во што побрзо завршување на процесот на евроинтеграции и станување земја членка до 2030 година, тоа што нашите граѓани го очекуваат“, рече Ковачевски.