четврток, 5 декември 2024

Етна проработе (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Вулканот Етна на Сицилија почна нова активност со исфрлање пепел, а од новиот кратер – и лава.

 

Вулканот исфрла пепел во „столбови“ високи и до 5 километри над нивото на морето.

Формиран е кризен штаб, кој постојано заседава. Воздушниот сообраќај од аеродромот во Катања засега не е прекинат.

Повремените ерупции на Етна се редовна појава и понекогаш траат и по неколку дена.

Етна е најактивниот вулкан во Европа. Последната голема ерупција на вулканот беше регистрирана во 1992 година.

 

[video:http://www.youtube.com/watch?v=y_CcZbaI1jY]

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ