Ердоган истакна дека се надева дека договорот ќе биде продолжен по 17 јули, како резултат на напорите на Обединетите нации и Турција, пренесе Ројтерс.
Портпаролот на Европската унија во четвртокот рече дека Европската комисија ѝм помага на Обединетите нации и на Турција во напорите за продолжување на договорот за извоз на житарки и дека е „отворена за истражување на сите решенија“.
ОН и Турција посредуваа во иницијативата за склучување договор со Русија и Украина во јули 2022 година, за да се надмине светската криза во снабдувањето со храна, која настана по рускиот напад врз Украина и блокадата на украинските пристаништа.
Ердоган истакна и дека се надева оти Путин ќе ја посети Турција во август.