сабота, 16 ноември 2024

Ексградоначалничката на Арачиново Халими стана директорка на АД Аеродроми

Поранешната градоначалничка на Арачиново Миликије Халими стана генерална директорка на АД Аеродроми на Македонија во државна сопственост. Таа на функцијата била назначена во средата со одлука на Надзорниот одбор на претпријатието.

Објавено на

часот

Сподели

Халими ќе управува со двата меѓународни, скопскиот и охридскиот во оној дел кој не е под концесија на ТАВ, како и со спортските аеродроми.

Претходно, со АД Аеродроми раководеше Трајче Ангеловски.

Миликије Халими на својот фејсбук-профил најави дека фокус ќе стави на зголемување на квалитетот на услугите за сите корисници како и зголемување на ефикасноста и ефективноста на работењето на институцијата генерално.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ