„Имајќи во предвид дека Државниот завод за ревизија ги отпочна активностите за подготвување на Годишната програма за работа за 2024 година ги повикуваме и воедно ги охрабруваме сите засегнати страни да достават свои барања, предлози за субјекти и области за кои постои зголемен јавен интерес за вршење на државна ревизија и сметаат дека истите треба да бидат опфатени со Годишната програма за работа на ДЗР за 2024 година. Одговорното, отчетното и транспарентното работење се темелните вредности на Државниот завод за ревизија, како Врховна ревизорска институција во државата“, пишува во соопштението на ДЗР.
Барањата и предлозите можат да се достават во хартиена форма до Државниот завод за ревизија или пак електронски на веб страницата на ДЗР најдоцна до 15 ноември 2023 година.
Доколку било кој заинтересиран има дополнителни прашања во врска со можноста за поднесување на барања и предлози за вршење на ревизија, може да се обрати на електронските адреси на одговорните во секторот за односи со јавноста.