четврток, 5 декември 2024

Џефрис го повика Бајден да ги помилува и припадниците на работничката класа

Лидерот на демократите во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Хаким Џефрис го повика претседателот Џозеф Бајден да помилува некои „Американци од работничката класа“ откако Бајден се најде на удар на сè поголеми критики затоа што го помилува сопствениот син Хантер Бајден.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Во текот на своите последни недели на функцијата, претседателот Бајден треба да продолжи доследно да го покажува високото ниво на сочувство што го покажа во текот на својот живот, вклучително и кон својот син, и да ги помилува Американците од работничката класа од случај до случај во федералниот затворски систем, чии животи се уништени со неправедно агресивно гонење за ненасилни злосторства“, се вели во соопштението на Џефрис, пренесе Ројтерс.

Бајден, кој ја напушта функцијата на 20 јануари, со месеци зборуваше дека нема да го помилува својот син, кој беше прогласен за виновен за лажно изјаснување дека не бил зависник од нелегални дроги додека купувал оружје и кој се изјасни за виновен за обвиненијата за затајување 1,4 милиони долари во даноци.

Општото помилување се однесуваше и на сите други злосторства што Хантер Бајден „ги извршил или можеби ги извршил“ помеѓу 1 јануари 2014 и 1 декември 2024 година, а американскиот претседател изрази уверување дека неговиот син бил цел на политички мотивирано гонење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ