петок, 15 ноември 2024

ДКСК: За неправилностите во работата на Агенцијата за филм има докази

Антикорупциската комисија целосно ги отфрла наодите изнесени во јавноста од страна на Бојан Лазаревски, директорот на Агенцијата за филм дека комисијата конструира невистини, реагираа денеска од Антикорупциска откако Лазаревски обвини дека наодите на комисијата за работата на Агенцијата за филм се паушални и неосновани. 

Објавено на

часот

Сподели

Наодите за работењето на Агенцијата се однесуваат на периодот кога Бојан Лазаревски бил одговорно лице,  а по барање на ДКСК, ДЗР изврши финансиска ревизија на Агенцијата за филм за 2021 година, период кога исто така Лазаревски е одговорно лице, велат од ДКСК. 

Според Антикорупциската комисија согласно Законот за спречување корупција и судир на интереси покренала иницијативи пред надлежните органи врз основа на извештај на Државниот завод за ревизија.

„Бојан Лазаревски не ја достави потребната документација по Барање на ДКСК и по две ургенции, за што плати казна за сторен прекршок“, пишува во реакцијата на ДКСК.

„Со овие постапки се утврди дека станува збор за  одговорно лице на државна институција, кое не ги почитува законските одредби, ниту од Законот за спречување корупција и судир на интереси ниту од Законот за филмска дејност. Лицето Бојан Лазаревски оди на Кански фестивал во придружба на сопругата каде што изнајмил и рента кар, а ја троши службената картичка за репрезентација. Тоа се службени средства чија цел е покривање на трошоци за исполнување на целите на институцијата која ја претставува, а не за приватни потреби. Понатаму, утврдено е дека службеното возило го чува надвор од кругот на Агенцијата, вработува лица по договор за дело за кои нема евиденција дали се појавиле на работа ниту извештај за завршената работа, влијае субјективно на доделувањето средства на филмските проекти, исплаќа средства на Друштвото на филмски работници без законска основа.  За ова лице со свои наоди се изјасниле и други државни институции.  Сите овие наоди се утврдени и докажани, а дополнително потврдени од неколку државни институции. Оттука, ние разбираме дека во отсуство на аргументи најлесно е да се напаѓа ДКСК, но ние и понатаму ќе продолжиме да ја работиме работата за која сме избрани, транспарентно и на најдобар можен начин и ќе се залагаме сите наши наоди да бидат соодветно процесурани во понатамошна постапка“, реагираат од Антикорупциска. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ