сабота, 16 ноември 2024

Директорот на ТВ Канал 5 го избрка Исмет Рамадани од студиото

Иван Мирчевски, директорот на ТВ Канал 5 вечерва се вклучи во живо во емисијата „Само вистина“ и на гостинот Исмет Рамадани, поранешен пратеник и владин советник за евроатлантски интеграции, му рече да ја напушти емисијата. Претходно Рамадани го обвини водителот на емисијата Александар Видиновски за национална нетрпеливост. Во студиото гостин беше и новинарот Горан Момировски.

Објавено на

часот

Сподели

На случувањата во студиото реагираше и Македонската асоцијација на новинари (МАН) со поддршка на директорот Мирчевски, водителот Видиновски и гостинот Момировски.

Со етикетирањето на национална основа, Исмет Рамадани ја загрозува безбедноста на новинарите учесници во дебата, како на Канал 5 ТВ. Ги осудуваме сите политичари, советници и владини функционери, како и аналитичари кои со години полесно или потешко, и без одговорност јавно навредуваат цели медиуми, новинари, ги етикетираат, па дури и ги обвинуваат за сторени кривични дела како говор на омраза или национална нетрпеливост.

Канал 5 секогаш покажува висок степен на професионализам и конструктивно етичко дебатирање во своите емисии.

Го повикуваме Исмет Рамадани веднаш да се извини до редакцијата на Канал 5 ТВ. Доколку не се извини, МАН заедно со Канал 5 ќе ги преземе сите правни мерки за заштита на новинарите и медиумот, се вели во соопштението на МАН.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ