петок, 1 ноември 2024

Директорка на музеј ја нарече Фиренца „проститутка“. Министерот ѝ се закани

Масовниот туризам ја претвори Фиренца во „проститутка“, изјави директорка на градски музеј, што предизвика бес кај политичарите, вклучително и италијанскиот министер за култура.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„Кога еден град ќе стане проститутка, тешко му е повторно да стане девица“, вели Сесили Холберг, директорка на Галерија на академијата, во која се наоѓа статуата на Давид на Микеланџело.

„Фиренца е многу убава и би сакала да им се врати на своите граѓани, а не да биде уништена од туризмот“, додаде германската историчарка, жалејќи се на недостигот на нормални продавници на улиците полни со сувенири. Таа смета дека веќе е доцна ситуацијата да се смени, освен ако не се ограничи бројот на посетители.

Галеријата подоцна објави соопштение во кое Холберг се извини „за користењето погрешни зборови“ за „градот што го сака“. Министерот за култура Џенаро Санџулијано рече дека нејзините зборови се „сериозни и навредливи“ за Фиренца и цела Италија и се закани дека ќе преземе мерки.

Тој најави дека ќе ги разгледа достапните опции според сегашното законодавство. Владата на премиерката Џорџа Мелони претходно беше обвинета дека ги промовира Италијанците на високи позиции и функции во културата, особено оние кои ги поддржуваат нејзините десничарски ставови, пишува Гардијан.

Минатата година министрите одобрија промена со која шефовите на операта се принудени да ги напуштат своите работни места кога ќе наполнат 70 години, мерка која многумина ја гледаат како начин за отстранување на одредени странци од нивните позиции.

На Холберг ѝ се спротивстави и заменик-градоначалничката на Фиренца Алесија Бетини. „Ако градот е проститутка, дали жителите на Фиренца се деца на проститутка, а туристите клиенти на проститутка?“, праша таа. Поранешниот премиер Матео Ренци, сенатор од Фиренца, рече дека Холберг „треба да се извини или да поднесе оставка“.

Директорката на галеријата е последната во низата официјални лица во Италија кои изразија загриженост за влијанието на неконтролираниот туризам, особено во градовите како Фиренца – каде што историскиот центар е преполн голем дел од годината – и Венеција.

Откако културната организација на ОН предупреди дека може да го изгуби својот ценет статус, Венеција минатата година објави планови за тестирање на модел со продажба на билети за контрола на бројот на посетители, почнувајќи од април.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ