среда, 11 декември 2024

Масовно пукање во Франција, стотици учесници, 5 тешко ранети

Престрелка поврзана со шверц на дрога во западниот француски град Поатје синоќа прерасна во масовна тепачка во која учествуваа до 600 луѓе, соопштија француските власти, пренесе Би-би-си.

Објавено на

часот

Сподели

Во Поатје, град во западна Франција, во текот на ноќта се случи масовно пукање поврзано со шверц на дрога, при што тешко беа ранети пет лица, меѓу кои и 15-годишно момче, кое е во критична состојба откако било погодено во главата, пренесе АПФ.

Министерот за внатрешни работи Бруно Ретаљо изјави дека инцидентот започнал со пукање пред ресторан, а потоа прераснал во судир меѓу ривалски банди, во кој учествувале неколку стотици луѓе.

Министерот предупреди дека Франција е на „пресвртна точка“ во однос на насилството поврзано со трговијата со дрога, што е „алармантен знак дека насилството поврзано со дрога е во подем во земјата“.

„Овие пукотници не се случуваат во Јужна Америка, тие се случуваат во Рен, во Поатје, во овој дел на западна Франција некогаш познат по своето спокојство“, изјави Ретаљо за телевизијата БФМТВ.

„Ние сме на пресвртна точка и изборот што го имаме денес е избор помеѓу општа мобилизација или мексиканизација на земјата“, рече тој, алудирајќи на широко распространетите проблеми во Мексико со уличниот криминал и насилството извршено од наркокартелите.

Ретаљо најави дека подоцна во текот на денот ќе отпатува за Рен, каде што петгодишно дете е во критична состојба откако беше рането во друго пукање поврзано со трговија со дрога во саботата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ