петок, 13 декември 2024

Песков: Изборната трка во САД е при крај, за неа се зборува премногу екстравагантно и емотивно

Изборната трка во Соединетите Американски Држави е при крај, а луѓето зборуваат премногу екстравагантно и емотивно, изјави Дмитриј Песков, портпаролот на претседателот на Русија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Изборната трка во САД е при крај. Гледаме дека многу елементи од оваа изборна трка не се вклопуваат баш во опсегот на нашето разбирање. Многу работи се премногу екстравагантни, премногу емотивни“, изјави Песков за новинарите, пренесе РИА новости.

Тој истакна дека може да се слушне како кандидатите се навредуваат едни со други, што не одговара на политичката култура на Русија.

Кога станува збор за изјавата на Трамп за Северен тек дека тој го „окончал“ рускиот гасовод Северен тек 2 кон Германија, Песков рече дека тоа е дадено во екот на изборната трка.

Песков истакна дека Кремљ не разбира зошто има потреба некој да се меша во соработката меѓу Русија и Кина бидејќи таа не е насочена против трети земји.

„Не е јасно зошто има потреба да се попречува соработката меѓу Русија и Кина, бидејќи оваа соработка е навистина посебна, од привилегиран карактер, навистина стратегиско партнерство, но главната карактеристика на нашата соработка со Народна Република Кина е дека не е насочено против трети земји“, рече Песков.

Тој рече дека Русија на ниту еден начин не се меша во изборната кампања во Молдавија.

„Силно ги отфрламе сите обвинувања дека некако се мешаме во ова (изборите во Молдавија), изјави Песков за новинарите.

Москва забележа необјасниви појави за време на референдумот за евроинтеграции одржан во Молдавија, изјави портпаролот на претседателот на Русија.

Песков, одговарајќи на прашање за можно посредување во преговорите меѓу Израел и Хезболах, рече дека Русија е подготвена да вложи напори таму каде што тие можат да бидат ефективни.

„Ако нашите напори можат да бидат ефективни некаде, тогаш, се разбира, Русија ќе биде подготвена да го стори тоа“, рече Песков за новинарите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ