среда, 11 декември 2024

Рокас од извештајот на ЕК, повторно ги потенцира како примарни – уставните измени

Евроамбасадорот во Македонија, Михалис Рокас денеска на заедничка прес-конференција со министерот за европски прашања Орхан Муртезани, истакна дека Македонија ќе ја добие поддршката на ЕУ,  но за да го унапреди процесот на евроинтеграциите треба да ги усвои уставните измени, т.е. да ги вклучи граѓаните коишто живеат во границите на државата и кои се дел од други народи како што се Бугарите. Тој поворно потсети дека државата на тоа се обврзала.

Објавено на

часот

Сподели

Според него, во извештајот на ЕУ има поинаква структура со цел да може полесно да се чита, па оттаму Преспанскиот договорот и Договорот за добрососедство и пријателство се наоѓаат од првата страница на Извештајот со ЕУ.

„ Секако, не треба да се каже дека добрососедските односи, регионалната соработка остануваат како суштински елемент од процесот на проширувањето, рече Рокас во одговор на прашањето дали тоа што добрососедските односи се на првата страница од Извештајот на ЕК, значи дека земјата не ги исполнува доволно добро односите со соседите.

Рокас потсети дека за време на минатонеделната посета на Скопје, претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен кажала јасна порака.

„ Невозможно е да шпекулирам за хипотези, но она што е кристално јасно и што би сакал да го кажам е дека кога претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен беше на истава оваа говорница, таа кажа јасна порака и би сакал да ја цитирам. Прво, имаше дискусија за одличната соработка и таа секако се заблагодари на Северна Македонија за тоа и потоа „имаме јасна цел, тоа да се отвори кластерот ‘Основи’, што е можно побрзо. Речиси сме стигнати до таму. Знаеме дека се работи за уставните измени коишто вашата земја се обврза да ги спроведе. Сега потребни ни се заеднички напори, соработка и дијалог и се надевам дека сите политички страни во земјата ќе се обединат и ќе го преземат овој решителен чекор нанапред“ и потоа продолжи дека е уверена исто како што кажа и премиерот дека може да ги надминеме пречките коишто се сè уште таму. Толку имам да кажам“, рече Рокас.

Тој цитираше делови од извештајот за напредокот на земјава, посочувајќи дека Македонија треба да продолжи паралелно да ја испорачува имплементацијата на реформите поврзани со ЕУ, особено во кластерот „Темели“ – поточно судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, а довербата во правосудниот систем треба да биде засилена, а додаде, корупцијата треба да се решава преку добар след на случаите во судовите и во обвинителствата.

„ Комисијата се стреми кон следење на скрининг-извештајот по однос на основите, како и патоказите кои се усогласени со преговарачката рамка со цел да се отвори првиот кластер што е можно побрзо и кога ќе бидат исполнети релевантните услови. Особено што се однесува до нашата проценка оваа година има извесен напредок што е постигнат во областа против организираниот криминал од страна на земјата и ограничен напредок во судството, каде што се бележи подобрување во споредба со минатата година кога не беше забележан напредок. Зборував за борбата против корупција, каде што за жал нема напредок, но има позитивни елементи и тие се забележани во областа на земјоделството, руралниот развој, риболовот, транспортните и регионалните политики“, рече Рокас.

Што се однесува до внатрешниот пазар, додаде евроамбасадорот, севкупната проценка останува комбинирана – одреден напредок, помалку напредок, но областите како што се слободно движење на работници, стоки и конкурентната политика, интелектуалната сопственост, треба да бидат унапредени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ