вторник, 10 декември 2024

Судир на кланови во Скадар, двајца загинати, двајца ранети во престрелката

Две лица загинаа, а уште две се повредени во престрелка во предградие на Скадар, објави Радио-телевизија Србија (РТС).

Фото: ЕПА (архива)

Објавено на

часот

Сподели

Специјалната полиција веднаш го блокирала целиот реон, а цел на нападот бил Хамза Личи, еден од членовите на локалниот мафијашки клан.

РТС наведува дека во шестгодишната војна меѓу двата клана загинале вкупно 20 лица.

Засега непознат напаѓач со калашников почнал да пука во автомобилот во кој се возеле Хамза Личи и Арлинд Бушати, синови на поранешни функционери на опозициската Демократска партија, на приодот кон Скадар.

Личи веднаш починал, додека тешко повредениот Бушати бил префрлен во скадарската болница.

Конфронтацијата меѓу ривалските кланови во Скадар, според албанските медиуми, добила трагична димензија, бидејќи автомобилот во кој се наоѓале целите на нападот изгубил контрола и удрил во мотоцикл што доаѓал од спротивна насока, јавува РТС.

Жената што се возела на мотоциклот загинала, додека лекарите се борат за животот на возачот.

Неколку единици на албанската специјална полиција поставија контролни пунктови на повеќе места во градот во обид да ги фатат напаѓачите.

Хамза Личи е 20-та жртва на пресметката на скадарските ривалски кланови Личи и Биљаљај од 2018 година, пишува РТС.

Серијата судири почнаа во почетокот на 2018 година, кога едно лице загина, а осум беа ранети во експлозија на бомба поставена во автомобилот на Љуљзим Кула, а шест месеци подоцна полицијата го пронајде телото на автомеханичарот Мехди Каваја.

До крајот на таа година беа убиени уште осум лица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ