среда, 11 декември 2024

Почнува меѓународниот симпозиум Денови на Јустинијан I

Денеска во 10 часот во Музејот на македонската борба во Скопје ќе почне дванаесетто по ред издание на Меѓународниот симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на Јустинијан I“, во организација на Институтот за национална историја, Универзитет Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и Универзитетот во Болоња, во партнерство со Православниот богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“.

Објавено на

часот

Сподели

Симпозиумот „Денови на Јустинијан I” е традиционално поддржан и вклучен во годишната програма на Министерството за култура и туризам, како и од италијанската амбасада, Музејот на македонската борба, Македонската православна црква – Охридска архиепископија и Јустинијана прва и винаријата Стоби.
На свеченото отварање свое обраќање ќе имаат проф. д-р Митко Б. Панов, претседател на Меѓународниот организациски и научен комитет, проф.д-р Џузепе Маино, коорганизатор од Унивезитетот во Болоња, проф. д-р Дејан Борисов, декан на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“, Анче Илиевска, директор на Музејот на македонската борба, Марио Де Роса, заменик амбасадор на Република Италија, Марија Ѓоргова, државен секретар во Министерството за култура и туризам и г.г. Стефан, архиепископ охридски и македонски.
Меѓународниот научен симпозиум Денови на Јустиниан I претставува годишен научен форум за презентација на најновите истражувања за различни аспекти на византолошките и средновековните студии, што го вклучува третманот и интерпретацијата на културното, историското и духовното наследство во современа Европа. Симпозиумот е посветен на императорот Јустинијан I и има за цел да опфати широк спектар на истражувачки прашања во функција на реконструирање на културното и историското наследство, како интегративна компонента на различностите и заедништвото на обединета Европа.
Симпозимот ќе се реализира со комбинирано физичко и онјалн учество. На шесте сесии кои ќе се реализираат во текот на двата работни дена реферати ќе имаат 50-на еминентни проофесори и научници од 19 земји, од Македонија и од Италија, САД, Велика Британија, Германија, Русија, Украина, Полска, Словачка, Холандија, Финска, Австрија, Србија, Грција, Хрватска, Бугарија, Романија, Турција, Унгарија,
На почетоот од работниот дел, пленарното предавање ќе има еден од најеминентните светски византолози, проф. Џонатан Шепард од Универзитетот во Оксфорд.
Сеопфатниот тематско-содржински концепт на рефератите, потврдува дека симпозиумот Денови на Јустинијан I, прераснува во еден од најпрестижните научни собири од ваков вид во регионот и пошироко. Со тоа Деновите на Јустинијан I, ја постигнуваaт клучната цел за промоција на културното и историското наследство на Република Македонија, со што Јустинијан I станува културен и историски бренд кој ги обединува земјите и нациите кои го споделуваат византиското наследство, како и научниците од Европа и ширум светот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ