сабота, 16 ноември 2024
Спикерот со најава

Џафери: Јас избори ќе распишам без оглед дали партиите ќе постигнат договор или не

Претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери вели дека доколку политичките партии не постигнат консензус за датумите за изборите тој ќе постапи според неговите надлежности и ќе распише избори. Џафери смета дека како претседател на Собранието е должен да го обезбеди времето што го пропишуваат Уставот и законите за да се организираат изборите, но и дека има законска обврска за формирање техничка влада три месеци пред изборите.

Објавено на

часот

Сподели

На новинарско прашање во однос на тајминзите за распишување на избори, Џафери рече дека политичките партии кои се во Собранието имаат можност до нова година да најдат консензус по однос на двата термина за двата изборни процеси, парламентарни и претседателски. Тој нагласи дека двата изборни процеси се разликуваат и по уставните и законски рокови, редовноста и спроведување на постапката.

„Во крајна инстанца, моја уставна и законска надлежност и обврска е да водам сметка за термините за спроведување избори коишто би биле во рамки на уставните и законските рокови. Партиите имаат можност да се усогласат и да кажат кога ќе бидат подготвени да учествуваат, а моја обврска е да спроведам“, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Тој смета дека треба да се води сметка за повторување на поединечни места од вториот круг доколку тие резултати влијаат на конечниот исход на избори. За парламетарните избори тој напомена дека тие треба да се спроведат во рамките на последните 90 дена од мандатот на актуелниот состав.

„Доколку имаат согласност во ред, доколку не, настапуваат моите обврски овластувања. Затоа што јас не можам да се раководам по партиските одлуки, дали ќе остварат консензус или не. Јас имам обврска во рамки на законски рокови да распишам избори“, рече Џафери кој со министерот за образование Јетон Шаќири присуствуваше на настан во Форино.

Џафери појасни дека роковите за распишување е минимум 70, до максимум 90 дена. Во однос на парламентарните избори како резултат „Пржинскиот договор“ и Законот за влада, 100 дена пред гласање, дали вонредни или редовни, треба да има техничка влада.

Околу продолжувањето на седницата за уставните измени тој напомена дека точката на дневен ред била уште во август и општата дебатата е завршена.

„Седницата е прекината и чека на пратениците и тоа да рефлектира на пратениците за обезбедување соодветното мнозинство. Дали и како ќе рефлектира, тоа не е прашање коешто треба мене да ме засега. Тоа прашање ги засега субјектите, односно претставниците присутни во собранието“, подвлече Џафери.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ