сабота, 16 ноември 2024
Нова провокација од Софија

Бугарска фондација дава по 300 евра на секој македонски граѓанин кој ќе го смени презимето на „ов“ или „ев“

Бугарската фондација „Македонија“ на контроверзниот Виктор Стојанов објави повик на Фејсбук во кој бара македонските граѓани да го променат презимето на „ов“ или „ев“ за што ќе добијат 300 евра. Стојанов од македонската држава е прогласен за непожелна личност.

Објавено на

часот

Сподели

Од Македонците се бара да побараат промена на презимето и да го внесат во изводот на матична книга на родените, а за начинот како ќе ги подигнат парите ќе треба да ја контактираат Фондацијата.

f

„Кампања за жителите на Северна Македонија со бугарско потекло: Вратете го вашето презиме во Ов/Ев и добијте 300 евра! Контактирајте ја Фондацијата Македонија“, пишува во објавата.

 

Виктор Стојанов е претседател на бугарската фондација „Македонија“ која има негаторски ставови кон Македонија и македонскиот народ и историја.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ