вторник, 2 јули 2024

Брнабиќ: Вучиќ не стои зад резолуцијата за Јасеновац

Претседателот на Србија Александар Вучиќ не стои зад резолуцијата за геноцидот во Јасеновац и логорите Дахау и Маутхаузен, кажа претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Таа кажа дека верува дека усвојувањето на резолуцијата е добро нешто.

Брнабиќ истакна дека ѝ е неверојатна опседнатоста со Вучиќ „за кого кажаа дека освоил сè без испукан куршум“.

„Вучиќ не стои зад оваа резолуција. Секој кој ја следи политичката сцена во Црна Гора можеше да види дека тие тоа самите го предложија“, кажа Брнабиќ.

Таа наведе дека „за сè им е виновен Вучиќ, и на овие од регионот и на овие во државата“.

„Кога ќе погледнете и ќе повлечете линија, тие малку го заматија и ублажија тоа со додавањето на Матхаузен и Дахау, но на крајот кажаа дека во Јасеновац се случил геноцид“, додаде поранешната српска премиерка.

Истакна дека лично ѝ е драго што некој вели дека во Јасеновац имало геноцид.

„Неверојатно ми е ужасно лицемерно, гледате кои се тие двојни стандарди на реакциите од Хрватска. Хрватска вели дека сето ова е директен напад врз Хрватска“, наведе Брнабиќ.

Таа потсети дека Хрватска беше коспонзор на резолуцијата за Сребреница.

„И кога Вучиќ кажа дека тоа е напад врз Србија и Република Српска, кажавте не, тоа е соочување со минатото и цивилизациски исчекор. А ова сега не е? Ова е напад на Хрватска?“, истакна Брнабиќ.

Таа кажа дека ѝ е интересно „тоа што кажаа дека ова е за да се ублажи Сребреница“.

„Срам да ви е. Со Јасеновац да се ублажи Сребреница, каде и по најконзервативните хрватски проценки се убиени десетици илјади Срби, пред сè, а потоа и Евреи и Роми, а според реалните проценки стотици илјади Срби“, истакна Брнабиќ.

Додаде дека тука се гледаат двојните стандарди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ