„Бидејќи не знам за кој амандман станува збор, по примерот на Талат Џафери кога своевремено, како пратеник молчеше во Собранието, јас ќе молчам за да дадам минута молк за демократијата, кога една квислиншка партија ѝ угодува на друга квислиншка партија. За да знаат граѓаните кој е опозиција во Македонија.
Сега ќе молчам една минута. Супер што ви го извадивме шверцерскиот карактер и шго видоа вистинското силеџиско ваше лице. Ова што се случуваше ќе биде редовна пракса. Во следниот парламентарен состав ве чека пекол“, рече Апасиев, а откако помина една минута рече: Бог да го прости Деловникот.
Потретседателот Горан Мисовски му се заблагодари на Апасиев за дискусијата, амандманот на Левица поднесен од Апасев, го стави на гласање. Против беа 74 пратеници, за и воздржани немаше.
Кога Мисовски го прочита следниот амандман и го повика Апасиев да го образложи, пратеникот не се појави, а беше констатирано дека не се јавил за збор. И тој амандман беше одбиен со 80 гласови против.