вторник, 2 јули 2024

Беснее пожарот во струмичко, на помош дојде и вториот полициски хеликоптер (ВИДЕО)

Поради сериозноста и ризикот од пожарот кај селата Сушево и Злеово на гаснењето се приклучи и вториот хеликоптер на МВР, информираат попладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Фото: Борјан Михајловски

Објавено на

часот

Сподели

Пожарот на отворено, кој вчера попладне започна на територијата на општина Василево сѐ уште е активен, се разгорува и се приближи во непосредна близина на село Сушево, а се шири и кон село Злеово поради што за гаснење беше вклучен еден полициски хеликоптер но поради сериозноста на ситуацијата од попладнево е ставен во употреба и вториот хеликоптер на МВР.

Хеликоптерот на МВР „МИ-171“ полни вода од малата брана, ископ за песок до акумулацијата Турија и носи брзо вода кон опасниот крак на пожарот што се доближи дој селото Сушево, струмичко.

Инаку, полнењето вода и дејствувањето по пожарот пилотите на МВР го извршуваат во интервал од три до пет минути, информираа од Центарот за управување со кризи.

На терен се екипи на струмичката Територијална противпожарна единица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ