Апелацискиот суд во Брисел ја поништи претходната пресуда од 2021, јавуваат белгиските медиуми.
Грабнувањето на децата од мешана раса во Конго, организирано од белгиската држава и извршено со помош на Католичката црква, е злосторство против човештвото, одлучи судот.
Белгиската држава мора да обештети пет жени кои го иницирале случајот.
Се проценува дека околу 20.000 деца од мешана раса биле присилно одведени од своите семејства под белгиска колонијална власт.
Петте тужителки се родени во Конго меѓу 1946 и 1950, од белгиски татковци и конгоански мајки. Тие биле одведени од своите домови и присилно сместени во домови како и повеќето деца од мешана раса во тоа време.
Документите од колонијалните архиви кои ги претставиле адвокатите на тужителките покажале дека децата на сила, со закани или измама биле одведени од мајките од родните села, иако не биле ни напуштени ни злоставувани, ниту пак сирачиња.
Белгија владееше со Демократска Република Конго од 1908 до 1960 година, и со Бурунди и Руанда од 1922 до 1962 година.