четврток, 5 декември 2024

Башар ал Асад: Сирија ќе го победи тероризмот

Сирискиот претседател Башар ал Асад денеска изрази уверување дека неговата земја ќе го победи тероризмот, без разлика кој го поддржува и спонзорира.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти неговата прес-служба, сирискиот лидер ова го изјавил во телефонски разговор со претседателот на Абхазија, Бадр Гумба, пренесува агенцијата Тасс.

„Претседателот Асад истакна дека тероризмот не разбира ниту еден друг јазик освен јазикот на силата и ние ќе го скршиме и уништиме со тој јазик, без разлика кој го поддржува и спонзорира тероризмот“, изјави сирискиот претседател во објава на неговиот официјален канал Телеграм.

Сириската армија вчера објави дека била принудена да ги прегрупира своите сили одбивајќи терористички напад врз Алепо, со цел да ги спаси животите на цивилите и нејзините војници, притоа подготвувајќи се за контранапад.

Според податоците на сириската Генерална дирекција за медиуми, за време на тридневниот конфликт меѓу сириската армија и терористите од групата Џебхат ал Нусра, бројот на убиени милитанти се приближи до илјада.

Претходно сириската армија соопшти дека авијацијата извршила серија напади врз конвојот оклопни возила на милитантите на автопатот М-5 Алепо-Дамаск, со што била спречена нивната офанзива.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ