вторник, 2 јули 2024

Бајден со семејството одлучува дали ќе ја продолжи трката за претседателските избори

Претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден ќе разговара денес со своето семејство за тоа дали ќе ја продолжи трката за реизбор, откако голем број демократи изразија загриженост по дебатата на претседателот против републиканскиот ривал Доналд Трамп.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Бајден и неговата сопруга Џил во текот на денот ќе се сретнат со децата и внуците во претседателското одморалиште Камп Дејвид во Мериленд, кажале извори за Ен-би-си њуз.

Изворите додале дека разговорите на семејството Бајден се неформални.

Демократите, вклучувајќи ги поранешниот претседател Барак Обама и поранешната претседателка на долниот дом на Конгресот Ненси Пелоси, признаа дека Бајден имаше лош настап на дебатата во четвртокот, но на јавноста ѝ соопштија дека го поддржуваат да ја продолжи кампањата.

„Овие избори сè уште се избор меѓу некого кој цел живот се борел за обичните луѓе и некој кој се грижи само за себе“, порача Обама.

Портпаролот на Пелоси изјави дека Бајден и понатаму ја има нејзината целосна поддршка, и дека таа се радува на присуството на неговата инаугурација во 2025 година.

Истовремено, демократите сметаат дека на Бајден треба да му се даде простор да ги одреди следните чекори.

Тие веруваат дека само претседателот, во договор со своето семејство, може да одлучи дали да ја продолжи или порано да ја прекине кампањата, а дека нема добро да реагира на притисок.

„Само две лица можат да ја донесат оваа одлука, а тоа се претседателот и неговата сопруга. Секој кој не разбира колку оваа одлука ќе биде длабоко лична и семејна, не е запознаен со ситуацијата“, кажал еден од изворите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ