Едштадлер бара до крајот на годинава да се отворат пристапни преговори со Босна и Херцеговина, а со Црна Гора да се постигне конкретен напредок пред европските избори. Во истиот период да се постигне напредок и во преговорите со Србија и да се процесира апликацијата за членство на Косово. Императив за ЕУ, ако сака да ја преземе водечката улога, е сите членки на Унијата да го признаат Косово, вели австриската министерка за Европска Унија и Устав на Република Австрија,
Таа смета дека ЕУ треба да даде конкретни датуми за пристапување за секоја од шесте земји посебно кога ќе се формира новата европска комисија, порачувајќи дека не треба да се одлага процесот на проширување со Западен Балкан.
„Ниту еден од овие чекори не ги поштедува земјите од исполнување на критериумите пред евентуално членство во Унијата. Во оваа фаза ЕУ треба да преземе чекор и да обезбеди доказ дека сме сериозни за европската иднина на регионот.
На шесте земји од Западен Балкан – Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Србија им е ветена иднина во ЕУ уште пред 20 години. Преговрите се отворени со четири земји, но сите се закочени.
Неопходните реформи сѐ уште се отворени, а големи проблеми остануваат нерешени. Но, на крајот, процесот на проширување значи давање и земање. Промените барат мотивација и политичка волја. Населението во регионот на многу места повеќе не верува во реалната можност за пристапување и се приближи кон руските или кинеските наративи. Затоа ЕУ мора да преземе водство на Западен балкан и да даде нов моментум во пристапниот процес“, вели Едштадлер.
Според неа, тоа не значи дека партнерите на Западен Балкан не треба да продолжат со реформите и да ги спроведуваат, напротив, нема скратени патишта до целосно членство во ЕУ.
Притоа се осврнува на случајот со Македонија и вели дека е апсурд кога не се наградени такви драстични чекори како промена име на земјата, па воведени се дополнителни услови кои, згора на тоа се политички неизводливи.
“The EU must take the lead in the Western Balkans” ⬇️ (1/13) pic.twitter.com/flZPjfRzGj
— Karoline Edtstadler (@k_edtstadler) November 7, 2023